cart-icon 0
    0 п.

    Немате додадено продукти во вашата кошничка

    Вкупно

    0 поени

    1.Општи одредби
    Овие услови и правила се наменети за размена на производи, услуги и ваучери за поени на физички и правни лица преку веб-сајтот www.poenklub.mk. Предмет на овие Општи одредби е утврдување на условите за онлајн нарачка, искористување на поени преку веб сајтот www.poenklub.mk. Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.poenklub.mk и нарачува ваучери, производи и услуги.

    2.Дефиниции
    Следните термини и услови кои се користат во овoј документ ги имаат следните значења:
    www.poenklub.mk – Интернет страница (сајт) достапна на секој пребарувач со испишување на www.poenklub.mk, кој се користи за размена на поени со производи, услуги и ваучери.
    • Корисник – Корисници на www.poenklub.mk се партнери и клиенти односно, Партнерите се правни лица кои користат програма за лојалност за да ги наградат своите клиенти со производи, услуги и ваучери, додека пак Клиенти се физички лица кои што сакаат да употребат поени за производи, услуги или ваучери онлајн од тие партнери.
    • Посредник – Правното лице ДОО Вебиарт Битола, го изработи и го одржува сајтот www.poenklub.mk, како и посредува на едно место да може да се рекламираат партнерите, односно корисниците да можат онлајн да нарачаат производи, услуги или ваучери кои ќе може да ги добијат со употребување на поени.
    • Производи, ваучери и услуги – се подразбираат предмети, софтвер, технологија, услуги и се останато што може одреден партнер да го понуди на веб-сајтот.

    3.Нарачки и исполнување
    • За добивање на производи, услуги или ваучери од партнерот преку веб-сајтот www.poenklub.mk, клиентот потребно е да избере од производите, ваучерите и услугите кои во моментот се нудат на страната од партнерите, при што потребно е да направи нарачка. Клиентот не може да го одбие приемот на производите, ваучерите и услугите доколку истата е испорачана согласно со условите на нарачката.
    • Нарачките се прават преку веб-сајтот www.poenklub.mk преку посебна дефинирана форма и во експозитурите на нашите партнери.
    • Предуслов за правење нарачки е клиентот да биде регистриран корисник на www.poenklub.mk
    • Откако клиентот ќе се најави на www.poenklub.mk може да ги додаде во кошничка избраните производи, услуги или ваучери и потоа да ја комплетира нарачката со пополнување на празните полиња со информации поврзани со нарачката.
    • Секоја нарачка која што е неточна или неточно пополнета нема да биде обработена.
    • Доколку нарачката е комплетна, без разлика дали нарачката е одобрена или одбиена, клиентот добива известување по е-mail или смс на телефон.
    • Партнерот со примање на известувањето преку е-mail со информациите во врска со нарачката потребно е да ја изврши нарачката согласно договореното со посредникот.

    4.Цена
    • Сите цени прикажани на веб-сајтот www.poenklub.mk се изразени во поени кои клиентот ги добива со купена услуга или купен производ од партнерите нa Poen Klub.
    • Цените кои се презентирани на сајтот www.poenklub.mk или во информативниот материјал се изразени во поени и тоа се цени кои што ги определуваат партнерите.
    • Конечната цена за добивање на производите, услугите и ваучерите зависи од тоа дали доставата на нарачката е вклучена во цената или не.
    • Партнерот го задржува правото да ја промени цената на производот, услугата или ваучерот на веб-сајтот, како и да прави акции, попусти и други активности.
    • Доколку количината на производи која е на располагање е на распродажба и промоција, правило кај партнерот е налозите за нарачка за тој тип на производ да се реализираат по редослед по кој се примени истите додека траат залихите.
    • Партнерот го задржува правото да додава нови производи, да повлекува производи од веб-сајтот, спроведе, откаже или промени промоции на сајтот www.poenklub.mk

    5.Гаранција
    • За гаранцијата на сите производи, услуги и ваучери кои што се разменуваат на www.poenklub.mk одговараат партнерите.

    6.Политика на приватност
    • Посредникот има право да собира и користи податоци за клиентите. Информациите со кои клиентот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на електронска пошта, како и други лични податоци за клиентот кои ги внесил со цел креирање на профил кој што е неопходен за користење на клуб картичката.
    • Во образецот за регистрација кој го пополнува клиентот, посредникот јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување на податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со условите за користење и оваа политика, клиентот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.
    • Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на www.poenklub.mk веб сајтот се неопходни за регистрација на клиентот.
    • Јавно достапни содржини, се содржините во врска со карактеристиките на производите, услугите и ваучерите кои се нудат на веб сајтот со кого се споделуваат информациите
    • Политика за лица под 18 години – www.poenklub.mk веб сајтот не е наменет за лица под 18 години. Посредникот нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години.
    • Сигурност – Посредникот посветува големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на клиентите, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и други соодветни закони.

    7.Завршни одредби
    Овие одредби важат од 01.05.2020 година.
    • Посредникот има право да врши измени и дополнувања на одредбите и условите, како и воведување на нови верзии на истите.
    • Секоја измена која го засега партнерот треба да биде во согласност со истиот.
    • Општите услови за работа на посредникот се составен дел од овие одредби и услови.
    • Сите спорови кои настануваат во врска со услугите кои ги нуди посредникот преку страницата www.poenklub.mk ги решава соодветно за тоа надлежниот суд според законот на седиштето на посредникот.
    • За сите прашања кои не се опфатени со овие одредби и услови, меродавни се одредбите на важечките закони на Република Северна Македонија.
    • На страницата www.poenklub.mk објавени се сите информации за понудените производи, услуги и ваучери од страна на партнерите, во склад со податоците од производителот.