cart-icon 0
    0 п.

    Немате додадено продукти во вашата кошничка

    Вкупно

    0 поени

    Услови на употреба


    Со внесување на Вашата е-маил адреса Вие се согласувате да добивате известувања за новите промотивни понуди. Можете да се отчлените во било кое време.
    Добредојдовте на Poen Klub веб сајтот (дефиниран подолу). Со негово користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

    ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

    ВЕБИАРТ ДОО, го поседува и менаџира сајтот www.poenklub.mk ("Poen Klub", "ние", "наше" или "нас") и неговите мобилни апликации и верзии. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие ("Вие" или "клиент") се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите бидат изменети. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
    АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ-САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ POEN KLUB, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ НАРАЧКИ НА ПРОИЗВОДИ, ВАУЧЕРИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

    Условите на употреба се организирани на следниот начин:
    1. За веб сајтот
    2. Сопственост на веб-сајтот
    3. Употребување на веб-сајтот
    4. Пристап до веб-сајтот
    5. Измена на Условите на користење
    6. Вашиот профил
    7. Опрема за употреба на веб-сајтот
    8. Кодекс на однесување на крајниот корисник
    9. Вашата приватност
    10. Услови на купување
    11. Специјални програми
    12. Авторски права и трговска марка
    13. Непосакувани идеи
    14. Општи услови за гаранција
    15. Ограничување на одговорноста
    16. Електронска комуникација
    17. Содржина на трети лица
    18. Надоместок на штети/ослободување
    19. Виша сила

    1. За веб-сајтот
    Poen Klub овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-сајтот на домеинот www.poenklub.mk, со кој дејствува компанијата ВЕБИАРТ ДОО. Преку веб-сајтот www.poenklub.mk се нудат услуги, производи или ваучери. Нарачката се врши со добиени поени од страна на партнерите. Единствено партнерот е одговорен пред вас за квалитетот на услугите, ваучерите и производите кои ги нуди. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување.

    2. Сопственост на веб-сајтот
    Веб-сајтот, целата содржина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи веб-сајтот достапен се наша сопственост, и на други даватели на услуги. На клиентот со користење на овој сајт и согласување со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) Poen Klub му овозможува лимитирана, лична, непреносилива, не-ексклузивна лиценца за да го користи сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од Poen Klub; и (б) се согласува дека нема да ја репродуцира, дистрибуира, пренесува, препродава било која содржина, софтвер, производи, ваучери или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од Poen Klub.

    3. Употребување на сајтот
    Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:
    • Имате најмалку 18 години
    • Сте во можност да направите правна обврска
    • Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
    • Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за извлекување на информации
    • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба
    • Ќе правите легитимни нарачки кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
    • Ќе вршите нарачки само за Ваша лична употреба или за подароци на клиентите на Poen Klub
    • Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци
    • Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
    • Ќе нарачувате само од производите,ваучерите и услугите преку сајтот со регистрирање на сајтот и било која нарачка ќе биде предмет на Условите за нарачка, образложени подолу во овие Услови за употреба
    • Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзиното доверливо чување

    4. Пристап до веб-сајтот
    Poen Klub го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Клиентот признава дека иако интернетот е често безбедно место, но понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Poen Klub, и Poen Klub не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Poen Klub е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Poen Klub, пристапот до веб-сајтот може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
    Poen Klub има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

    5. Измена на Условите на употреба
    Poen Klub го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на употреба и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Ако Poen Klub прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата со која сте регистрирани или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на употреба ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Овие промени нема да важат за нарачки направени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се согласувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите клиенти на нашиот сајт и за сите нарачани производи, услуги и ваучери од страна на таквите нови клиенти. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на клиентот ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на клиентот на тие измени.

    6. Вашиот профил
    Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Poen Klub нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде отстранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.
    Вашиот профил и поените стекнати на Вашиот профил не се преносливи. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи нарачаните ваучери, производи и услуги, како и стекнатите поени. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашиот сајт, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот.

    7. Опрема за употреба на сајтот
    Клиентот е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. Poen Klub не е одговорен за било каква штета на опремата на клиентот како резултат од користењето на овој сајт.

    8. Кодекс на однесување на клиентот
    Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг клиент да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.
    Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:
    Поставување било каква содржина на сајтот која:
    • Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);
    • Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
    • Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;
    • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
    • Има ефект на наметнување на другите;
    • Содржи пораки од неовластени лица од Poen Klub, кои наводно зборуваат во име на Poen Klub или даваат доверливи информации поврзани со Poen Klub;
    • Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или
    • Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост
    Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:
    • Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;
    • Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;
    • Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или
    • Мешање во употребата на сајтот на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се направи прекин на сајтот.
    Употреба на било кое од следното:
    • Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од сајтот без наша писмена дозвола;
    • Било која содржина од сајтот, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг "скриен текст" техники и технологии без наша писмена дозвола;
    • Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со Poen Klub; или
    • Сајтот или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со Poen Klub, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.
    Собирање на било кои од следните наведени работи:
    • Содржина од сајтот, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на сајтот и потоа прикажување на клиентите на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат клиентите од сајтот кон друга трета страна, без наша писмена дозвола;
    • Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци) или содржина од било кој партнер.
    Вклучување во било која од следните активности:
    • Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на сајтот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на Poen Klub;
    • Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
    • Препродавање на било кои нарачки направени преку сајтот;
    • Надминување или обидување да се надмине горната граница на одобрена количина на ваучери, производи или услуги, или на друг начин користење на било кој Poen Klub профил за да се нарачаат ваучери,производи или услуги за препродажба или за шпекулативни, лажни, измамнички или било кои други цели кои се изречно забранети во овие Услови на употреба и условите на конкретната понуда на сајтот;
    • Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој "робот", "пајак", или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;
    • Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од сајтот (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со нарачки направени преку сајтот), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола;
    • Длабоко поврзување со кој било дел од сајтот (вклучувајќи, без ограничување, патеката за нарачување на секој ваучер,услуга или производ) без наша писмена дозвола;
    • Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или
    • Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на Poen Klub, нашите партнери или нашите услуги.

    9. Вашата приватност
    Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на лични податоци може да ја погледнете тука.

    10. Услови за нарачка
    Со нарачување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од Poen Klub, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите за нарачка, достапни тука.

    11. Специјални програми
    Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од Poen Klub Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

    12. Авторски права и трговска марка
    Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“Poen Klub”) е во ексклузивна сопственост на Вебиарт Доо. Poen Klub има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Poen Klub има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за производите или услугите од фотографер на Poen Klub. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ВЕБИАРТ ДОО Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе клиентот до граѓански и/или кривични казни.
    Клиентот не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Poen Klub не сноси товар или одговорност, за да му даде на клиентот индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Клиентот е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на овој сајт, клиентот гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавување, превод и дистрибуција на таквиот материјал на Poen Klub. Клиентот, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг клиент, репродукција и чување од страна на тој клиент за лична употреба. Клиентот тука се согласува дека дава право на било кој друг клиент да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на клиентот.
    Poen Klub е заштитена трговска марка на ВЕБИАРТ ДОО. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на Poen Klub се сопственост на нивните соодветни сопственици.

    13. Непосакувани идеи
    Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои непосакувани идеи пренесени директно или преку било кој вработен во Poen Klub, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи,услуги и ваучери или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции. Не ни испраќајте нас, или на било кој од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма ("Небарани Материјали"). Ако ни испратите несакани материјали, разбирате и се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле:
    • Poen Klub нема обврска да ги разгледа било кои несакани материјали, ниту пак да ги чува доверливи; и
    • Poen Klub ги поседува, и може да ги користи и редистрибуира несаканите испратени материјали за било каква цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење

    14. Општи услови за гаранција
    КЛИЕНТОТ ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ POEN KLUB, НЕГОВИТЕ ПАРТНЕРИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ,ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВОЈ САЈТ, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА (1) СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СЕ НУДАТ; (2) ОПИСОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ И ВАУЧЕРИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ЗА СИТЕ НАСТАНАТИ ГРЕШКИ ЌЕ БИДАТ ПРЕВЗЕМЕНИ МЕРКИ ВО НАЈСКОРО ВРЕМЕ ЗА ДА БИДАТ САНИРАНИ И ДА НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ ПОСЛЕДИЦИ. ОВОЈ САЈТ И ЦЕЛАТА НЕГОВА СОДРЖИНА, ИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИЕНТИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПАРТНЕРИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА "КАКО ШТО СЕ" И "КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, POEN KLUB СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.

    15. Ограничување на одговорноста
    ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ POEN KLUB, НЕГОВИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ, СОДРЖИНАТА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА САЈТОТ, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ САЈТОТ, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА САЈТОТ, (Г) ПОНУДИТЕ ОД ПАРТНЕРИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ И ВАУЧЕРИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ САЈТОТ, ИЛИ (Д) ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА. СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА БИЛО КОЈА ПРИЧИНА ЗА АКЦИЈА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО САЈТОТ МОРА ДА СЕ ОДНЕСУВА НА ПЕРИОД ОД 1 ГОДИНА ОД ДЕНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА, А ВО СПРОТИВНО ПРИЧИНАТА СТАНУВА НЕОСНОВАНА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПОМИНАТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ОД 1 ГОДИНА.

    16. Електронска комуникација
    Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Poen Klub, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

    17. Содржина на трети лица
    Poen Klub, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и клиенти. Соодветно на тоа, Poen Klub нема уредувачка контрола врз таквите содржини како и секоја јавна библиотека или книжарница. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржина изразени или ставени на располагање од страна на трети лица, вклучувајќи ги и информациите на услуги, или било која друга информација од клиентите се на соодветниот автор или дистрибутер, а не на Poen Klub.
    Во многу случаи, содржината достапна преку овој сајт претставува мислења и расудувања на одредени лица кои ги дале информациите, на клиентот, или на други клиенти под договор со Poen Klub. Poen Klub ниту поддржува ниту е одговорен за исправноста и веродостојноста на било кое мислење, совет, или изјава на сајтот од било кој, освен од овластен вработен на Poen Klub. Под никакви околности Poen Klub нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на клиентот предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку Poen Klub. Одговорност на клиентот е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку Poen Klub.
    Poen Klub содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се ставени на располагање само како погодност за вас, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица, и Poen Klub изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако клиентот одлучи да пристапи до некој веб-сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако Poen Klub експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови на Poen Klub кои водат до други страни. Poen Klub го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.

    18. Надоместок на штети/ослободување
    Се согласувате да го браните и заштитите Poen Klub и неговите вработени лица, директори, од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било кој производ,услуга или ваучер кој сте го нарачале од сајтот, (б) било кое користење на сајтот кое ги прекршува овие Услови на употреба, (в) измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои Закони на Р. С. М. или странски закони или права на трети лица.
    Само Вие сте одговорни за интеракцијата со партнерите или другите клиенти на сајтот. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие тука се согласувате дека го ослободувате Poen Klub од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од добиените поени од партнерите за услуги,ваучери или производи, било која активност на партнерите, вклучувајќи, но не и ограничено на било каква штета која може да ви е направена од страна на партнерите.
    Клиентот се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата ВЕБИАРТ ДОО, неговите одговорни лица и вработените за сите побарувања за оштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на клиентот.

    19. Виша сила
    Poen Klub нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штрајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски хардвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друг фактор.