cart-icon 0
    0 п.

    Немате додадено продукти во вашата кошничка

    Вкупно

    0 поени



    Ве молиме прочитајте ги внимателно Условите за нарачка пред да ги користите услугите на сајтот www.poenklub.mk. Ако не се сложувате со нашите услови, Ве молиме да не го користите истиот. Ви препорачуваме повремено да го проверувате веб-сајтот за одредени промени.

    Услови
    Условите за нарачување на ваучери, услуги и производи на poenklub.mk се дефинирани со следниве параметри: нарачка, подготовка, испорака, одземање на поени, рекламација.

    Нарачка
    Производите, услугите и ваучерите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ, услуга или ваучер и додавање во кошничката. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога клиентот ќе избере, нарача и ќе ја потврди нарачката. Партнерите на Poen Klub се обврзуваат да ги испорачаат сите нарачани производи, услуги или ваучери кои за време на испораката ги има во магацин. Доколку не се во можност да испорачаат било кој од нарачаните производи, услуги или ваучери имаат должност да го контактираат клиентот телефонски или преку e-mail.

    Цени
    Цените на сите производи, услуги и ваучери кои се презентирани на poenklub.mk се изразени во поени кои клиентот ги добива со купена услуга или купен производ од партнерите на Poen Klub.

    Подготовка на нарачката
    Нарачката се врши на адресата дефинирана од Клиентот исклучиво на подрачјето на Р. С. Македонија само на лицето со својство на Клиент (име и презиме) или на лицето дефинирано како превземач на нарачката од страна на Клиентот. Преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Клиентот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување на валиден документ за лична идентификација. Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани во специјален пакет за да истите не бидат оштетени за време на транспортот. Клиентот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.

    Регистрација
    Потребно е да имате креирано профил(да се регистрирате) на poenklub.mk и да бидете најавени за да извршите нарачка.