cart-icon 0
    0 п.

    Немате додадено продукти во вашата кошничка

    Вкупно

    0 поени

    ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КЛИЕНТИТЕ

    ВЕБИАРТ ДОО Битола (во понатамошниот текст како: ВЕБИАРТ) во својство на Контролор на лични податоци, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.
    Клиентот чии лични податоци се собираат, чуваат и обработуваат се физички лица кои стапуваат во однос со ВЕБИАРТ преку Poen Klub.

    Запирање на обработка на личните податоци
    Клиентот има право со поднесување на Барање за запирање на обработката на личните податоци, да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат со цел:
    • извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на ВЕБИАРТ или на трето лице на кое му се откриени податоците или
    • исполнување на легитимните интереси на ВЕБИАРТ, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси
    Доколку Барањето е основано, ВЕБИАРТ е должен да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.

    Измена, дополнување или бришење на личните податоци
    По поднесено Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци од страна на субјектот на лични податоци, ВЕБИАРТ е должен да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци.
    Дополнување, измени, бришење или сопирање на користењето на личните податоци се прави и во случај кога ВЕБИАРТ ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби.

    Барање на информации од страна на клиентот
    Клиентот може до ВЕБИАРТ да достави Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци од страна , со кое бара да биде информиран:
    • дали се обработуваат неговите лични податоци;
    • за целите и правната основа на обработката на личните податоци;
    • корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
    • за изворот на податоци.

    Права на клиентот
    Кога податоците се прибираат од клиентот тој мора да биде информиран за:
    • идентитетот на Kонтролорот;
    • целите на обработката;
    • корисниците или категориите на корисници на личните податоци;
    • задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци;
    • можните последици ако не се даде одговор и
    • постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.

    ВЕБИАРТ ДОО, Битола
    ул. Михаил Апостолски Дончо бр.7, 7000 Битола
    Тел: +389(0) 75 343 440
    [email protected]; www.webiart.mk

    Сите Барања за остварување на правата на клиентот, можат да се достават до Администрацијата на ВЕБИАРТ. Секое уредно примено Барање ќе биде проследено и доставено до Офицерот за заштита на личните податоци на ВЕБИАРТ. Офицерот за заштита на личните податоци е должен да одговори и/или достави информација до клиентот, за секое уредно примено Барање во рок од 15 дена сметано од денот на прием на Барањето, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок.
    Доколку ВЕБИАРТ еднаш одговорил и/или доставил информација за одредено Барање од страна на клиентот и не изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој клиент, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци.

    Ограничувања на правата на клиентот
    Правата на клиентот утврдени во претходните точки можат да се ограничат во посебни случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на правата и обврските на ВЕБИАРТ предвидени со закон, договорен основ или статистички цели, како и поради заштита на безбедноста и одбраната на државата, откривање и гонење на сторители на кривични дела и заради заштита на правата и слободите на клиентот или правата на другите физички лица.